На последната седница кавадаречкиот совет донесе одлука за издавање месечен информативен билтен на општината. Оваа одлука уследи по укинувањето на Kaв`даречки весник во кој исто така се објавуваа информации поврзани со активностите на градоначалникот и советот на општина Кавадарци.
За месечниот информативен билтен, како што се наведува во одлуката усвоена едногласно од советот ќе се издвојуваат годишно по 425.000 денари од касата на општината.
„Месечниот информативен билтен на општина Кавадарци ќе се печати во тираж од 500 примероци на формат А4 на 20 страни во боја на квалитетна хартија. Билтенот бесплатно ќе се дистрибуира до граѓаните и правните субјекти во општината, а ќе се печати еднаш месечно. Весникот ќе се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а уредувачката политика ќе ја води лице задолжено од страна на градоначалникот“ стои во одлуката.
А.Д
Додади коментар